По пресудите во предметот „Меѓународен сојуз“

Одмаздничка пресуда, тоа што наумиле и оствариле, вели Миле Јовановски

Тоа што го наумиле, тоа и го образложија, е првата изјава на таткото на Бојан Јовановски - Боки13, по изречените пресуди во судскиот процес „Меѓународен сојуз“ во кој тој доби условна казна, а неговиот син Бојан е осуден на 9 години затвор  Според Миле Јовановски, станува збор за одмаздничка пресуда затоа што, како што рече, Бојан презентирал пораки од мобилниот телефон кои се инкриминрачки за обвинителката Вилма Русковска, но и за други функционери. 

„Денеска умре правдата во Македонија, дефинитивно се покажа како умрени и 
обвинителството на Русковска и судството на Џолев и на неговите јастреби. Слушнавме одмазднички пресуди, донесени без докази. Наместени онака како што нив им одговара. Ете, така се суди во земјава. Нема правда и Македонците, Албанците и сите други кои живеат овде во Македонија, нека не ја чекаат правдата зашто е умрена. Ниту во Занзибар не може да се случат вакви пресуди", рече Јовановски.

Тој нагласи дека и поранешниот премиер Зоран Заев знаел за активностите на „Меѓународен сојуз", но сега, рече, и тој и другите, се кријат и молчат.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе