Двете судења закажани во 10 часот

Одложено судењето за насилството во општина Центар, Јанакиески на две рочишта во исто време

Основниот суд Скопје 1 го одложи судењето за насилството во општина Центар. Причина за одложувањето на процесот е тоа што поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески е обвинет и во предметот со насилството, но и во постапката за ТНТ. Судијата Душан Јосифов и судијата Огнен Ставрев ги закажале рочиштата во исто време. 

Наредните рочишта за шамарите во општина Центар се закажани за 5 и 19 јуни.

Во овој случај обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

Обвинети се за поттикнување и извршување насилство, кое се случи за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

На претходните рочишта, вина за настаните пред општина Центар признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе