Поради коронавирусот

Одложено судењето за „27 април“, дел од адвокатите во изолација

Дел од адвокатите кој ги застапуваат обвинетите за предметот организатори на „27 април", со писмо го известиле Кривичниот суд – Скопје дека претходно престојувале надвор од државата, односно како превентива за заштита од вирусот Ковид-19, тие не излегуваат од дома.

Од овие причини денешното рочиште за овој предмет се одложи за 25 март.

Обвинети во овој предмет се поранешениот претседател на Собранието, Трајко Велјановски, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

На претходно рочиште обвинетите во воведни говори изјавија дека ова е политички прогон нарачан од извршната власт.

Судењето за овој предмет го води судијата Илија Трпков, додека обвинението го застапуваа обвинителката Вилма Рускоска.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе