Ќе се чека Боки 13 да излезе од болница по операцијата

Одложено рочиштето за неовластено снимање на Јанева, поранешната шефица на СЈО во куќен притвор во Гевгелија

Одложено е судењето во кое Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски за неовластено снимање. Причина за одложувањето е хоспитализацијата на Боки 13 поради хируршкиот зафат. Следното рочиште ќе биде закажано кога тој ќе биде пуштен од болница.

Тужбата е поради фотографијата која беше презентирана како доказ во предметот „Рекет" по вештачењето на мобилниот телефон на Боки 13 во истиот предмет, на која се гледа Јанева со пари, а која наводно ја снимил Јовановски.

Поранешната специјална обвинителка Јанева од пред неколку дена е префрлена во родниот град Гевгелија, каде што во својот дом го издржува куќниот притвор што ѝ е определен во случајот „Рекет", каде што со неправосилна пресуда доби 7 години затвор.

Таа со своите бранители барала префрлање, а за тоа нформираше денеска нејзиниот адвокат Дељо Кадиев. Досега поранешната специјална обвинителка го издржуваше притворот во стан во Скопје.

Јанева е првостепена Јанева е првостепено осудена на седумгодишна затворска казна, а Јовановски на девет години казна затвор и двајцата за предметот „Рекет".

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе