Кривичен суд

Одложено рочиштето за „Монструм“, продолжува на 26 август

 Судењето за случајот „Монструм“ продолжува на 26 август годинава, откако денешното рочиште е одложено поради најавено отуство на надлежниот јавен обвинител.

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат расправата за предметот со КОК бр. 66/17 во јавноста познат како „Монструм“, ја информираме јавноста дека заради најавено отсуство на надлежниот обвинител, расправата насрочена за 6 јули се одлага. Следната главна расправа е насрочена за 26 август во 10 часот за што веќе се известени странките во постапката“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Предметот „Монструм“ се однесува за убиените момчиња и рибарот на Смилковското Езеро во 2012 година. За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе