Во кичевскиот суд

Одложено рочиштето за Ел Чека, одбраната побара изземање на судијката Кижевска

Денешното судско рочиште за Шекерим Ахмети, познат како Ел Чека, што се води во Судот во Кичево е одложено, бидејќи неговата одбрана побара да се изземе судијката Билјана Кижевска поради нетранспарентност и пристрасност во постапката, објави МИА.

Пред да почне судењето, судијката Кижевска рече дека на денешното рочиште ќе има само завршни зборови, а пресудата ќе биде донесена друг ден, меѓутоа поради писмен поднесок од страна на одбраната за нејзино изземање рочиштето беше одолжено.

На обвинетиот Ахмети му се суди во отсуство, а во судскиот процес го застапува адвокатот Бесник Асани, кој е овластен од семејството. Адвокатот Асани рече дека е песимист во однос на нивното барање и дека Обвинителството нема никакви докази во предметот во кој се товари Ахмети.

Пред Основниот суд во Кичево денеска се одржа протест на група граѓани за поддршка на Шекерим Ахмети познат како Ел Чека, кој моментално живее во Чикаго, САД и од таму објавува аудио снимки за наводни коруптивни дејства на високи челници од ДУИ. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Не осудувај ги оние кои пријавуваат криминал”.

Организаторите на протестот, кои се преставуваат како Меѓународно здружение за човекови права велат дека се борат притив селективната правда во земјава.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе