Одговорните во УБК, од институцијата направија кочина, рече сведокот Боксер

На денешното рочиште, на предлог на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа како сведок во судница се појави Дејан Димковски-Боксер. Сведокот потврди дека обвинетиот Василевски, освен како Нинџа, го знае и како Самурај. Не можеше да тврди дека е од УБК, но потврди дека бил анагажиран за оперативни акции. 

Боксер денес пред судот се пожали дека поради настаните од 27 април бил невработен, а претходно бил дел од УБК. Зборуваше и за тоа дека тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски не застанал зад него и дека одговорните лица во оваа институција, како што рече сведокот, од УБК направиле кочина. Овој сведок зборуваше и за тоа каква неправда му била нанесена со тоа што бил избркан од УБК, но дополни дека денес му станало јасно, по толку долго време дознал зошто бил исфрлен. За него имало и потерница, а како што појасни пред судот, „за да нема циркус” сам се пријавил во полиција и дполни дека ако продолжи да зборува за тоа што му се случило, присутните ќе останеле во судница до 5 наутро. 

За 27 април сведокот пред судот рече дека бил службено ангажиран и дека за тоа има службена белешка. 

„Бев ангажиран од мојот претпоставен, а оперативната акција се одвиваше во еден тежок реон. Околу 17.30 часот ми се јави повторно мојот претпоставен да праша како сме, на што одговорив дека е се во ред. Тука ни рекоа да се симнуваме надолу, а имав разговор и со Владимир Атанасовски. Никола Бошкоски ме повика и реков дека сум спремен, а тој ми рече да се упатам пред Собрание од страната на Дом на АРМ и дека таму ќе ме пречека друг претпоставен”, сведочеше Боксер. 

Лицето кое требало да го пречека овој сведок пред Собрание требало да му ги каже задачите кои, како што рече тој пред судот, не биле кривични дела. За тоа што се случувало во Собрание чул на радио-станица која ја носел со себе. Одговарајќи на прашање на обвинетиот Игор Југ, овој сведок рече дека ќе има некаков упад во Собрание дознал од Бошкоски. 

Од Југ овој сведок доби и прашање дали Нинџа посетувал одредени бази на УБК. На ова Боксер одговори: „Морално, одговорно и кривично тврдам дека Нинџа влегол во база на УБК. Тоа можам да го потврдам лично за две негови посети кога го донесе Бошкоски. Дека Нинџа е соработник на УБК знаев од Бошкоски, а за тоа дека овој човек помагал во УБК, тврдам дека во институцијата има и документи. Две операции се реализираа благодарение на него. Во базата Нинџа го гледаа и многу други вработени во УБК”. 

К.Д.

 

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе