Основен кривичен суд Скопје

Одбраната предложи, судот одби владиката Агатангел да сведочи во случајот „Насилство во Центар“

Судот ги отфрли како неосновани барањата на одбраната на судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, да бидат сослушани како сведоци повеќе лица, меѓу кои и Ивица Коневски, Кирил Божиновски и владиката Агатангел.

Судијата Душко Јосифовски рече дека барањата за дел од материјалните докази се прифатливи, додека денеска изнесените барањата за сведоци се отфрлаат како неосновани, бидејќи не се однесуваат на нови моменти.

Денешното рочиште продолжува со изведување на дополнителни материјани докази, преложени од одбраната, кои судот прифати да бидат изведени во дополнителна постапка.

Случајот го води судијата Душко Јосифовски, а застапник на обвинението е Гаврил Бубевски.

Обвинителот Бубевски, во однос на предлозите на одбраната рече дека дополнителните материјалните докази, кои се документи и записници, се прифатливи.

„По однос на останатите докази сметам дека од веќе изнесените докази се искристализира дејството на овој кривично правен настан и нема потреба да бидат прифатени. Во однос на вербалните докази, сите кои беа веќе предложени беа повикани. Дел беа сослушани, а дел не дојдоа и сметам дека нема потреба од дополнително оптоварување на постапката“, изјави Бубевски.

Одбраната на Миле Јанакиески, на почетокот на денешното рочиште за побара од судот во дополнителна доказна постапка да бидат сослушани Ивица Коневски и Кирил Божиновски, како и да бидат презентирани сите прислушувани разговори, доколку постојат такви, меѓу нивниот клиент и лицето Томислав Лазаров.

Миле Јанакиески, пред судот, рече дека како одбрана предложиле 15 сведоци и досега не е сослушан ниту еден, и побара разбирање од судот и да му бидат прифатени барем 2-3 сведоци.

Обвинетиот Александар Трајковаки, побара од Судот да биде сослушан владиката Агатангел.

„Судот ако сака да се дознае вистината за овој настан треба да биде сослушан владиката Агатангел. Јас на протестите отидов, како верник, на повик на владиката Агатангел“, изјави Трајковски.

Сослушување на владиката Агатангел, побара и адвокатот по службена должност на Никола Груевски.

Во „Насилство во Општина Центар" обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранечната советничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и осум други лица.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе