Завршни зборови за случајот „Трезор“

Одбраната на Мијалков тврди дека обвинетиот во Лондон не договарал набавка на опрема за УБК

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, обвинет во случајот „Трезор“ според неговата одбрана, во јули 2010 година во Лондон не договарал набавка на опрема за потребите на УБК.

„Не е точно дека Мијалков од 7.7.2010  до 9.7.2010 во Лондон договарал со компанијата ГАМА за било каква опрема на УБК при МВР. Целото обвинение е конструкција“, изјави адвокатот Петар Василев.

Во моментов во Кривичниот суд Скопје во тек се завршните зборови од страна на адвокатите на обвинетите во случајот „Трезор“.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски. Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

Во завршниот збор, Обвинителството, рече дека наместо МВР да направи директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје, со што успеале да злоупотребат средства од Буџетот на државата.

Според обвинението во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра. 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе