Одбраната на Мијалков бара запирање на „Тортура“, судењето почнува одново

Адвокатите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, обвинет во случајот „Тортура“ побараа запирање на кривичната постапка против него и шестмината  припадници на алфите обвинети за нечовечкото апсење на Љубе  Бошковски пред 8 години. Според одбраната, веќе поранешните обвинители во СЈО не се надлежни да го застапуваат предметот зашто сѐ уште во сила е законот за СЈО.

Судењето почнува одново, а поранешните специјални обвинители на Судот му посочија дека имаат решенија од државниот обвинител Љубомир Јовески да го застапуваат предметот откако тој прејде во редовното обвинителство. Судот дополнително треба да донесе одлука дали ќе го прифати барањето на одбраната.

Инаку, судењето за „Тортура“ по една година и осум месеци, откако првото рочиште се одржа на 28 февруари лани, почнува одново поради смена на поротник и истек на 90 дена. Судијката Александра Ристеска рече дека поротникот што поднел оставка е заменет со друг, но и дека во судницата е присутен дополнителен поротник.

Адвокатот на Мијалков, Љупчо Шврговски, на почетокот од судењето рече дека бара да прекине судењето поради тоа што СЈО е неовластен тужител. Според него, не може јавен обвинител на Република Македонија да воспоставува стварна надлежност врз предметите.

По однос на барањето на обвинетите судот ќе трева дополнително да донесе одлука дали ќе го прифати барањето на одбраната.

Во овој случај се обвинети поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, тогашниот командант на „алфите“ Ивица Антевски викан Пуки и уште петмина припадници на „алфите“.

 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе