Случај „Рекет“

Одбраната на Боки-13 тврди дека обвинението е недокажано и дека случајот „Рекет“ е брутална политика

Барам ослободителна пресуда за Бојан Јовановски. Овој случај е брутална политика. Обвинението е недокажано, рече во завршниот збор адвокатот Сашо Дуковски, бранител на Бојан Јовановски.

Дуковски во завршниот збор рече дека во торбата Луј Витон, при излегувањето од куќата на Орце Камчев, немало еден милион евра во банкноти од по 50 евра.

Бојан Јовановски на денешното рочиште рече дека предметот бил исконструиран од Орце Камчев со помош на бугарски служби и дека не е јасно зошто не е гонет за шпиунажа.

„На 2 април лани Орце Камчев се сретнал со тогашниот премиер, Зоран Заев во присуство на бугарски агенти блиски на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и му рекол дека има докази против мене. Дури и го снимал Заев. Знам дека е така и оти рекол „ќе му ебам матер на педерот и на дебелата”. Ден потоа мене ми се јави Заев и побара да ги разгледаме доказите,” рече Боки. Тој тврди дека Заев му рекол дека бил лут на на Јанева оти отворила предмет Империја против Сашо Мијалков и Орце Камчев.

„Прашуваше како може Јанева да отвара случај против Камчев кој имал тројца пратеници, а Мијалков и повеќе пратеници кои можат да му донесат гласови за референдумот. Сведок сум дека им се ветуваше на двајцата олеснување во постапката за да влијаат врз пратеници да се изгласа промена на Уставот“, рече Боки. Тој вели дека предметот против него бил да се отргне вниманието од тие работи, а немало никакви докази. Затоа не се вештачи неговиот мобилен.

„Па каде се парите кои наводно сум ги зел од Камчев? Па Камчев никому пет пари не дава, а не пак на мене милион евра за да излезе од притвор. А Рускоска еднаш ми побара чевли од Италија кога преку Ватсап се слушнавме во Белград, каде случајно се погодивме, но не се видовме, а јас ѝ реков дека ќе одам во Италија“, рече Боки.

За утре се закажани завршните зборови на одбраната на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, по што следува рочиште за изрекување на пресудата.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе