Во завршен збор пред Судот

Одбраната бара ослободителна пресуда за Јанакиески за „27 април“

Политичките несогласувања се одличен простор за злоупотреба на ова дело и како одбрана ќе бидеме упорни и доследни, не да ја задоволиме политиката, туку преку правни факти и релевантни докази да дојдеме до вистината, истакна денеска Александар Новаковски, бранител на обвинетиот Миле Јанакиески, кој во завршните зборови од судењето за „Организаторите на 27 април" побара ослободителна пресуда за обвинетиот Јанакиески.

Бранителот ги отфрли обвинувањата против обвинетиот Миле Јанакиески и истакна дека обвинителството во неможност да ги докаже наодите во обвинителниот акт и наодите истакнати во воведниот збор со кои ја креира тезата на обвинението прави „бајпас" и од докази извадени од контекст прави конструкција по секоја цена.

„План за делото кое се става на товар на Миле Јанакиески ниту имало, ниту се посочи доказ за постоење на таков план. Нема доказ за каков било контакт на Миле Јанакиески со другите обвинети, нема контакт ниту пред настаните од 27 април, ниту на денот на настаните, ниту потоа“, кажа бранителот.

Според бранителот, кај обвинетиот Миле Јанакиески, во изменетиот обвинителен акт не се става на товар учество или организирање насилство.

„За да постои ова дело и бидат исполнети законските обележја, треба да постои планирање на насилство и организирање на употреба на насилство кое ќе предизвика одредена цел, Миле Јанакиески ниту учествувал во планирање на насилство, ниту учествувал во насилство“, кажа бранителот.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста". 

Судењето за  обвинетите за организирањето на настаните од 27 април го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Вилма Русковска. 

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе