На јавна седница во Апелацискиот суд во Скопје

Одбраната бара ново судење за „Рекет“, не може пресуда да се носи врз основа само на искази на Орце и Ана Камчеви

Да се укине пресудата која што ја донесе Основниот кривичен суд во Скопје за случајот „Рекет“ и предметот да се врати на повторно судење, бара одбраната на Бојан Јовановски и Катица Јанева. Како клучни прочини за ваквите барања, одбраната ги наведе немањето на докази и вештачење, со кои според адвокатите е направена суштествена повреда. За случајот „Рекет" Јанева доби седум, а Јовановски девет години затвор.

Адвокатот Сашко Дуковски пред второстепените судии праша дали може една ваква пресуда да се заснова на исказ на само двајца сведоци, а тоа се Орце и Ана Камчеви. 

Дали може ваква една пресуда да се заснова на исказ на двајца сведоци, кои ниту се јасни ниту категорични? Кога ќе ја анализирате пресудата, ќе видите после секој доказ се вели дека покрај доказот што го ценеше судот, се тргна и од јасниот и категоричен исказ на Орце Камчев и неговата сопруга Ана. Дали може ваква пресуда да се заснова само на тоа? Не може да се бара, кога обвинителството не доставува докази, тоа да го направи одбраната. Обвинителството е тоа што треба да ја докаже својата теорија на случај", рече адвокатот Сашко Дукоски, застапник на Јовановски.

За одбраната бизнисменот Орце Камчев нема статус на оштетен, иако предметот се однесува дека од него биле земени 1,5 милиони евра со цел тој да добие повластен третман во случајот „Империја" каде е осомничен.

Будала е Орце Камчев да дава 1,5 милион евра за нешто што знае дека ќе се случи и ќе излезе од притвор со решение на Врховниот суд?", рече бранителот на Боки.

Адвокатот потсети и дека во снимки кои излегоа во јавноста се слуша како и самиот Камчев кажува дека него го пуштил Врховен, а не Катица.

Адвокатот Дељо Кадиев, образложувајќи ја жалбата, рече дека навистина има голем број суштествени повреди на постапката за овој случај и затоа една третина од жалбата се однесува на тоа.

Јавниот обвинител, посочи Кадиев, транскриптите од разговорите ги дава со свои вметнати мислења и Судот такви и ги прифаќа.

Се влијаело, затоа што обвинителството во загради ставало свои мислења, кои се цитирани потоа и во самата пресуда, изјави Кадиев.

Во однос на исказот на сведокот Орце Камчев, Кадиев рече дека, многу делови не соодветствуваат.

ЈО во завршен збор изврши допрецизирање и измена на обвинението, во однос на враќањето на патната исправа. Ние треба да бидеме прашани за вина и да ни биде дозволено да се произнесеме по тоа, а тоа не беше направено, рече Кадиев.

Повреда на правото на одбраната, посочи Кадиев, е што не ни беа дадени сите докази.

Зошто не ни ги дадоа не знаеме. ЗКП не предвидува кои докази смее, а кои не да бидат дадени, рече Кадиев.

Никој од обвинетите не му пришол на Јордан Камчев да бара пари, рече Кадиев, посочувајќи дека токму сведокот Ана Камчева е таа што барала контакти и самата рекал дека "добар адвокат, не е тој што го знае законот, туку тој што го знае судијата".

Зошто Јавниот обвинител не ги провери банкнотите и не отиде во менувачницата Бела да провери дали се заменети толку пари, кога за секое трансакциско работење има записи, рече Кадиев.

Адвокатката Ирена Фрчковска, рече дека, целосно погрешно е утврдена фактичката состојба за овој предмет.

Како може некој со едно или две сторени дејствија да прекрши 93 одредби и тоа општо наведени, без да се образложи. Во што се состои злоупотребата на Јанева во однос на Орце Камчев. Дали видовме доказ дека Јанева зела парични средства и тие биле поврзани со Камче – не, такви докази не видовме, рече Фрчковска.

Зошто ако Катица Јанева барала пари, рече Фрчковска, тоа не било пријавено во надлежни органи и со ПИ мерки бидат обезбедни докази за тоа.

Обвинителството не направи напори да ги достави трансакциите за повлечените пари. Обвинетите ги брани презумцијата на невиност, а Обвинителството треба да поднесе докази. За Катица Јанева, нема докази. Седум години казна затвор за незаконски снимки и изјави на сведоци кои сакаат да се спасат од закон, изјави Фрчковска.

Имотната состојба, нагласи Фрчковска, не е променета и е иста со таа уште пред да стане Јавен обвинител.

На седницата присутен е само Јовановски, а Јанева со писмо ги извести судиите дека поради здравствени причини не е во можност да дојде на закажаната седница. 

По денешната седница Апелацискиот суд Скопје ќе треба во најкус можен рок да донесе одлука за овој предмет. 

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе