По притворањето на бизнисменот

Одбиена е жалбата на Камчев, неговите бранители немаат увид во белешката на АНБ, најавуваат случај во Стразбур

Попладнево Кривичниот суд ја одби жалбата и Орце Камчев останува во притвор. Неговите бранители бараат да ја видат службената белешката на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) врз основа на која Камчев е притворен затоа што се подготвувал да побегне во Бугарија. Како може обвинителка од Радовиш против која Камчев поднел кривична пријава, токму таа да биде надлежна за неговиот предмет? Се најавува и жалба до судот во Стразбур за повреда на основните човекови слободи и права.

Од АНБ нема никакви официјални информации за тоа што пишувало во нивната службена белешка и за каква национална безбедносна закана се работи.

Експерти веќе ја оспорија оваа надлежност на АНБ да предлага притворање на едно лице, а не Јавното обвинителство.

Обвинителката Лиле Стефанова од Радовиш ги води истрагите за случаите „Империја“ и „Плацеви на Водно“.

Во случајот „Плацеви на Водно“ Камчев е осомничен за перење пари заедно со неговата мајка, поранешните функционери Груевски и Мијалков. Учествувале во прикривањето на сопствеништвото на фирмите кои ги купиле атрактивните парцели на Водно, со 1,3 милиони евра.

Лиле Стефанова по престанокот на нејзиниот мандат како обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжи со работа во Основното јавно обвинителство во Радовиш. Ова укажува на тоа дека Стефанова како обвинител во ниту еден случај нема стварна ниту месна надлежност да постапува по предмети кои се во исклучива надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, согласно Законот за Јавно обвинителство, велат бранителите на Камчев. Тие потсетуваат дека нејзиното постапување по овој случај директно го загрозува правниот поредок во земјата на груб и целосно тенденциозен начин имајќи го предвид фактот дека  во случајот ,,Империја“ Стефанова е директно компромитиран обвинител и Камчев веќе има поднесено кривична пријава до ОЈО за нејзино незаконско постапување во истиот предмет.

Во однос на случајот „Плацеви на Водно“ Камчев е постојано достапен на органите на прогонот и повеќепати е повикуван и секогаш уредно се јавувал пред ЈО на секоја покана, велат неговите бранители. Тој сам во неколку наврати побарал од Стефанова да даде исказ и побарал термини за распит и сослушување, велат тие.  „Инволвираноста на осомничениот од отворањето на случајот досега е константна и во насока на донесување правно издржана одлука и докажување на неговата невиност. Доказ за неговата соработка со јавниот обвинител е фактот дека Камчев по дадениот исказ на 4 февруари предјавува докази во поткрепа на својата одбрана и истите со поднесок од 9 март годинава преку полномошник ги доставува до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Во случајот „Империја“ Камчев е веќе обезбеден со мерки за претпазливост, односно одземени му се двете патни исправи кои ги поседува и гарантира со капитал. Ова само дополнително ја потврдува небулозата на донесената одлука за одредување мерка притвор базирана единствено на службена белешка добиена од АНБ.

Во однос на таа белешка не е единствена небулоза нејзиното постоење туку и фактот на кој начин истата е донесена и нејзината целосна веродостојност. АНБ, во овој случај постапува надвор од своите законски овластувања и надлежности предвидени во Законот за агенција за национална безбедност, па оттука нејасно е како осомничениот ја загрозува националната безбедност и претставува закана за националната безбедност на државата за да АНБ има легитимно право да го следи и врз база на тоа следење да биде изготвена службена белешка со таква содржина“, брифираат бранителите на Камчев.  

Неговата одбрана при распитот се уште нема увид во таа службена белешка, а не бил поднесен ниту еден доказ за тоа дека Камчев се подготвува за бегство. „Доколку постоело дојава за наводно бегство на кое претстоеле средби, каде се доказите за тие средби? Со кого и каде биле тие средби и дали постои барем еден материјален доказ кој може да ја потврди содржината на тие средби доколку се тврди дека се случиле?

Од кога Агенцијата за национална безбедност има право да собира информации за лица и дела кои се предмет на Основното јавно обвинителство и да се занимава со случаи на осомничени за криминал како и да постапува по истите? Преседан е АНБ да кажува кој ќе биде уапсен и како е воопшто можно да се нареди приведување на Камчев со заобиколување на одлука од Јавното обвинителство“, велат неговите адвокати.

За нив нема никакво сомневање дека во овој случај е прекршена Конвенцијата за човекови права дека прескокнати се обвинителите и сите законски пропишани процедури. Затоа, тие овој случај го квалификуваат како политички, директна тортура и лична освета од Зоран Заев кон Камчев, што остава простор за целосно оправдана и издржана жалба до македонските судови, но и до Европскиот Комитет за превенција и нечовечко или понижувачко постапување или казнување во Стразбур каде што по итна и вонредна постапка  ќе биде  побарано да се изврши посета во земјата со цел утврдување на фактичката ситуација.

Професорот Гордан Калајџиев синоќа за ТВ 24 изјави дека дека притворот е непожелна мерка и дека во нормални држави на луѓе, особено богати луѓе, им се става имотот под гаранција.

„Орце Камчев е поинаква фигура, тој е од бизнисот. Многу е важно дека нив ги штити пресумпција на невиност, дури и по првостепената пресуда. Најлесно е да се притвори човек, тешко е да се донесе пресуда во разумен рок. Откако правдата ќе дојде задоцнето, доаѓаме до перверзија дека оние што се објект на системот, стануваат еден вид жртва. Притворот е непожелна мерка. Во нормален свет, најнормално е на луѓето имотот да им се стави под гаранција и каде ќе бегаат? И да бегаат ќе имаме повеќе корист, отколку штета. Вака апсењата се подложни на притисоци и корупција, теории на заговор и системот, особено ако е вклучена тајната полиција, наместо остварување на правдата дава елементи на борба со политички противници. Како што гледаме во држави кои не се примери за правдата, особено во Русија“, рече Калајџиев.

А.Д.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе