Обвинителството не понудило доволно докази

Одбиен притворот за Јанакиески за „27 април“, обвинет е уште во 6 други предмети

Кривичниот совет при Основниот Кривичен суд Скопје го одби како неоснован предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за обвинетиот Миле Јанакиески поврзан со настаните од 27 април.

Според Советот, во новиот предлог не биле понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки.

„Обвинителството денеска поднесе предлогот за определување мерка притвор за предметот со КОК 2/20 поврзан со настаните од 27 – ми април, а Кривичниот совет, при одлучувањето, ја имаше во предвид одлуката на второстепниот, а воедно смета и дека во новиот предлог не беа понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки од они кои веќе опстојуваат против обвинетиот“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Апелационскиот суд, во четвртокот ја укина мерката куќен притвор на обвинетиот во повеќе судски предмети, Јанакиески, и ја замени со мерка претпазливост, по што, како што информираат од Основен Кривичен суд – Скопје, денеска, Обвинителството поднело предлогот за определување мерка притвор за предметот со поврзан со настаните од 27 април.

Јанакиески е обвинет во повеќе предмети, помеѓу кои „Т.Н.Т.", „Титаник", „Талир", „Топлик", „Траекторија" и „Шпански скали".

По изрекувањето на пресудата со која поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески доби затвор од 6 години и 3 месеци, Обвинителството побара ефективен притвор.

Јанакиески на 26 јули годинава во судница по изрекување на пресудата се пожали дека веќе 4 пати бил враќан во Истражниот затвор во Шутка и дека ако повторно биде вратен, ќе нема да може да ја подготви одбраната за другите кривични дела за кои постапките се во тек. Јанакиески во моментов се наоѓа во куќен притвор.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе