Од утре продолжуваат сите закажани судења во Основниот граѓански суд Скопје

Основниот граѓански суд Скопје информира дека од утре ќе се одржат сите закажани судења согласно Одлуката за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот ковид-19.

„Одлуката за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот ковид-19, донесена од страна на Судски Совет на Република Северна Македонија е објавена на веб страната на судот. Странките и другите учесници во постапката се должни да ги преземат сите мерки на претпазливост и заштита, согласно мерките и препораките на Владата и надлежните здравствени органи, во спротивно на истите нема да им се дозволи влез во судската зграда“, соопшти Основниот граѓански суд Скопје.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе