Се изгради првата судница во најголемиот затвор во државава

Од ќелија со неколку чекори директно во затворска судница, „Идризово“ се „поднови“

Судии, записничари, судии-поротници, преведувачи, адвокати, новинари, обвинители ќе одат во затворот во Идризово. Наместо обвинетите да доаѓаат кај нив, наскоро цел тим ќе оди кај обвинетите. Најголемиот затвор во државава доби судница на површина од еден хектар која е направена по светски стандарди. На едно место ова просторија која има капацитет за 120 луѓе ќе ги собере сите кои се потребни за да се одржи едно судско рочиште.

Ќе се судат сериозни тешки кривични дела, а причините поради кои ќе се практикува осудените лица да не излегуваат надвор од затворот и да не се ангажираат голем број полициски екипи се заради поголема безбедност, но  и економичност.

За сега во затворот во Идризово нема притворско одделение, туку сместени се лица осудени со правосилни судски пресуди за тероризам, за тешки убиства, за силување, за напади врз малолетници, за киднапирање...

Во овој затвор престојуваат и правосилно осудени лица за едно кривично дело, но имаат постапки и за други кривични дела, како и лица кои на нивно барање и покрај неправосилната првостепена пресуда одлучиле наместо во притвор, провосилноста да ја чекаат во затворот во Идризово.

За сега ќе им се суди на оние кои имаат веќе добиено пресуди, но имаат и други постапки во тек, како и оние чии предмети се вратени на повторено судење, а тие наместо во притвор, се наоѓаат во затворот во Идризово. 

Изградбата и опремувањето на затворската судница чинат 1,3 милиони евра, кои Европската унија ги даде за оваа намена.

Притворското одделение е втората фаза од најавените реконструкции во најголемиот затвор во државава.

Нејзината изградба ќе трае од прилика 2 до 3 години. Кога и овој притворски дел ќе биде готов, тогаш голем дел од обемот на работа во судовите, ќе се префрли во затворот во Идризово.

Во оваа судница ќе влезат лица обвинети за тешки кривични дела. Наместо да минуваат километри до судовите, сега со само неколку чекори веднаш ќе може да влезат во судската просторија.

Според најавеното, предвидено е притворското одделени во Истражниот затвор во Шутка да се сруши и притворените лица да бидат дел од најголемиот затвор кај нас.

К.Д.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе