СМС порака со заканувачка содржина

„Од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага“, им пишала Русковска на судиите по укинатиот притвор за Јанева

„Ако ти и советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Поради судии како Вас никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите“, гласи СМС пораката што обвинителката Вилма Русковска ја испратила до судиите во Апелацискиот суд во Скопје што вчера ја пуштија од притвор Катица Јанева. За МКД.мк од Апелацискиот суд потврдуваат дека содржината на пораката е таа. 

Оваа порака ги крена на нозе судиите од второстепениот суд, кој утрово одржаа итен колегиум. 

Судијата Сафет Кадриу, кој е портпарол на Апелацискиот суд во Скопје, а воедно и судија што постапувал со советот за одлучување на мерката притвор за обвинетата специјална обвинителка Катица Јанева, потврди дека второстепениот суд одржал колегуим по обвинувањата на обвинителката Вилма Русковска, но не соопшти детали.

Судијата Кадриу во изјава за медиумите кратко се повика на тоа дека набргу од судот ќе биде објавено официјално соопштение.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе