Ќе се отворат и новите докази

Од август „бомбите“ за петкратното убиство ќе се слушаат во судница

Судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро е во фаза на доказна постапка, а од 22 август во судница ќе се слушаат и „бомбите“ што СЈО ги има како доказ во оваа постапка.

Ќе се прави и вештачење на 31 телефон кое ќе биде нов доказ на судењето за петкратното убиство. Судијата Огнен Ставрев појасни дека телефоните биле одземени при претрес направен во текот на првичната истрага

„Телефоните ги најдов во депо во полиција. Полицијата ми рече дека сега ќе се прави вештачење со нова технологија што тогаш не била достапна", појасни Ставрев.

Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО го информираше судот дека по завршувањето на овој дел од постапката ќе предложи како нови докази аудио снимки и транскриптите од сите разговори поврзани со случајот, а доставени до СЈО во декември 2015 година од политичката партија СДСМ.

Судот, посочи дека ќе му биде потребно време да се запознае со содржината, по што ќе биде договорено нивно изведување.

На денешното рочиште за случајот „Монструм" на СЈО беше сослушан само еден сведок во судница. Тој на прашање од судот рече дека со Фејзи Азири се познава од општинска прослава по повод легализација на земјиште на кое присуствувале заедно.

Со господинот се знам на два часа од настан во општината. Да не задоцнеше два часа тогаш со министерот Јанакиески немаше да се запознаам, изјави сведокот.

Сведокот се пријави сам на денешното рочиште, откако како што рече, дознал од комшии дека полицијата го барала за сведок.

Судењето за „Монструм" продолжува на 22 август.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм" го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе