Обвинителство: Јанева незаконски стекнала мебел во вредност од 298 илјади денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со предметот „Рекет“, соопшти денес државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на прес-конференција соопшти дека од досега обезбедените докази, има основи за проширување на истрагата за „Рекет“ и врз Катица Јанева, која е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања заради стекнување имотна корист.
 
Јовевски истакна  дека специјалната јавна обвинителка ја злоупотребила службената позиција и остварила лична корист со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничениот за „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.
 
Јанева, според обвинителството, имала намера да му ја олесни положбата на Камчев со тоа што под неизменети околности притворот му го заменила со домашен. Камчев требало да стане заштитен сведок или да му биде понудена спогодба, да му се врати пасошот и тој да плати минимална штета за предметот „Империја".
 
„Обвинителката  ја искористила својата службена положба и овластување и за себе и за двајцата осомничени прибавила имотна корист во значителен износ За себе предмети мебел во вредност од 298 илјади денари, кој за јавниот обвинител ги набавил еден од осмничените, а за двајцата осомничени прибавила имотна корист од еден милион и петстотини илјади евра“, истакна Јовевски.
 
Јовевски истакна дека засега нема индиции дека незаконски стекнатите средства завршиле кај домашни или странски политичари.
 
Полицијата попладнево по налог ЈО ја приведе Катица Јанева во нејзиниот дом во скопската населба Козле. Таа со полициска придружба беше донесена во СЈО.
 
Денеска при претрес во СЈО бил одземен компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор во Шутка.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе