По добиеното известување од МВР

Обвинителството води предистрага за разрешената директорка, се чека листа на заразени лекари од коронавирусот

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува активно да постапува во предметот со поранешната директорка на ЈЗУ Универзитетската клиника за дерматологија – Скопје, Нина Цаца Биљановска, соопштуваат од ОЈО Скопје. Од таму додаваат дека по поднесеното известување од МВР, Обвинителството води предистрага за овој случај и по целосната документација и приложени докази обвинителот ќе донесен одлука за кое кривично дело ќе ја гони разрешената директорка. 

Од Основното јавно обвинителство Скопје, известуват дека на 19 март од страна на СВР Скопје беше поднесено писмено известување кое се однесува на поранешната директорка на ЈЗУ Универзитетската клиника за дерматологија – Скопје, а во поглед на предавањето кое таа го одржала пред поголема група доктори.

Кон тоа известување, како што објаснуваат од скопското обвинителство не беше приложена целата потребна документација, туку само писмена кои се однесуваат на тоа кога лекарката се вратила во земјава од Италија и кога и била констатирана здравствената состојба на Клиниката за инфективни болести.

„Заради комплетирање на потребната документација, веднаш следниот ден, на 20 март, надлежниот јавен обвинител достави наредба до СВР Скопје, како подносител на известувањето, како и барање за доставување податоци до Министерството за здравство. Од нив се бара да се приложат сите релевантни писмена во смисла на тоа кој ден поранешната директорка го држела предавањето, список на лица-учесници на тој семинар, дали и кои од тие лица биле заразени со коронавирусот и да се приложи писмена медицинска документација за инфицираноста, како на поранешната директорка, така и на учесниците на семинарот на кои таа им предавала“, велат од обвинителство.

По поднесената наредба и барање се уште не е постапено.

По доставувањето на релевантната писмена документација, доколку има потреба обвинителството ќе преземе и други истражни дејствија, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука.

Македонија спаѓа во групата држави во кои се преземени ригорозни ограничувања на човековите права заради справување со коронавирусот. 

повеќе

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе