Обвинителството отвори истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

Перење пари и предизвикување стечај на банка се кривичните дела за кои надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица кои се сомничат дека ги сториле овие дела.

Осомничените како лица со посебни права и одговорности во Еуростандард банка АД Скопје, во периодот од 2018 година до 2019 година, ги повредиле одредбите од Законот за банки, како и Методологијата за адекватност на капиталот. Како резултат на несоодветното работење на осомничените, органите на банката целосно затаиле во извршување на основните функции и со своите одлуки не постапиле по изречените мерки на Гувернерот на НБРСМ, при што придонеле за дополнително влошување на профилот на ризик на банката. Воедно го зголемиле ризикот од концентрација и масовно ја затскриле реалната способност на клиентите за измирување на обврските и нереалната класификација, што резултирало со погрешно известување за финансиската состојба на банката и нејзините сопствени средства како кон НБРСМ, така и кон останатите заинтересирани страни. Со ваквото работење придонеле за генерирање на големи материјални кредитни загуби, со што го намалиле износот на сопствените средства на банката и наметнале потреба од значителна докапитализација на банката, а притоа не извршувале капитализација по мерка изречена од Гувернерот на НБРСМ. Сето ова придонело банката по сила на закон да биде во услови на стечај, што подразбира дека депозитите не може да бидат вратени во пари на доверителите, штедачите и депонентите на банката, со што банката била доведена во состојба на несолвентност. Така, од нефункционални изложености со состојба во време на отворање на стечајната постапка од нефункционални кредити за 149 правни лица била предизвикана штета од 3.378.030.720,00 денари, при што повластените кредитни должници со невраќање и неможност за присилно враќање на долг од кредитот се стекнале со корист, а штедачите и другите депоненти на банката биле оштетени.

Исто така, осомничените како лица со посебни права и одговорности во Еуростандард банка, во периодот од 2017 година до 2020 година, во повеќе наврати овозможиле отворање на нерезидентни трансакциски сметки преку кои дозволите трансакции и воспоставиле деловен однос со правни лица. Спротивно на нивната законска должност, иако имале обврска согласно Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, тие во Управата за финасиско разузнавање не пријавувале сомнителни трансакции кои укажуваат на перење пари, имот или имотна корист, а за што во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во 2020 година започнале предистражни постапки.

По донесената Наредба за спроведување на истражна постапка Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе ги преземе сите неопходни процесни дејства за целосно расчистување на случајот и навремено ќе информира за детали кои нема да ја нарушат истражната постапка, соопшти ОЈО.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе