По вчерашното сооштение од судот

Обвинителството негира дека им забраниле на адвокатите на осомничените организатори за 27 април да ги видат доказите

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција негира дека на одбраната не и бил дозволен увид во доказниот материјал кој се наоѓа во папката за случајот со осомничените организатори за настаните од 27 април. Од Обвинителството за МДК.мк велат дека не е точно дека надлежните обвинители, Ивана Трајчева и Вилма Русковска, кои ја водат оваа постапка не им дозволиле на адвокатите да извршат увид во доказите и додаваат дека на сите засегнати во постапката што побарале да ги видат доказите, тоа им било дозволено согласно законските рамки. 

„Не е точно дека не бил дозволен увид во доказите за овој предмет. Оние докази со кои ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција располага ги видоа сите кои поднесоа барање за увид. Ние како надлежно обвинителство не сме им го ускратиле правото кое го имаат. За сето ова постојат записници за направен увид“, велат од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. 

Од таму појаснуваат дека можеби се работи за нови докази врз кои до сега не бил извршен увид. Но, најголемиот дел од доказниот материјал кој се наоѓа во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција е виден од одбраната, тврдат од ОЈО за гонење на организиран криминал. 

Вчера Основниот кривичен суд во Скопје преку соопштение информираше дека обвинителниот акт за организаторите за 27 април не е оценет, и седницата за тоа е одложена на барање на одбраната. 

Ваквото барање адвокатите до судот го упатиле, бидејќи, како што се вели во соопштението не им бил дозволен увид во доказниот материјал, па тие сега од судот бараат да ги видат доказите за овој случај.

Основното јавно обвинителство за организација на насилството од 27 април ги сомничеше поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски и поранешниот заменик началник во петтата управа Никола Бошковски.

За насилствата во Собранието од 27 април 2017 година, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица.

К.Д.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе