Обвинителството ќе поднесе жалба по условната казна за сообраќајката кај Млечен

Основното јавно обвинителство ќе вложи жалба до Апелацискиот суд Скопје, по приемот на пресудата по предметот за сообраќајната несреќа со смртни последици кај Млечен ресторан за која е изречена условна казна.

Во јавноста изминатите неколку дена се отвори голема дебата, откако судијката Елена Илиевска Јосифовиќ од Основниот кривичен суд Скопје на 4 септември годинава, изрече условна осуда на предизвикувачот на сообраќајната несреќа во која на 12.10.2018 година животот го губи 32-годишен возач на мотоцикл, а неговата бремена сопруга е тешко повредена и како последица подоцна го губи бебето.

Од Јавното обвинителство, денеска информираат дека е разгледан предметот за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан и е констатирано дека по целосна анализа на сите околности кои се од значење за изречената кривична санкција, обвинителството одлучило по приемот на писмено изработената пресуда во овој предмет да вложи жалба до Апелациониот суд Скопје.

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице на возраст од 63 години, за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, за кое дело предвидена е затворска казна од 1 до 5 години.

Во текот на претходната постапка, од страна на надлежниот јавен обвинител беа преземени сите потребни истражни дејства – испитување на обвинетиот, испитување на оштетената, изготвување на сообраќајно-техничко вештачење, изготвување на медицинско вештачење за видот и карактерот на повредите на оштетената и прибавување на обдукцискиот протокол од извршената обдукција на оштетениот кој го загуби животот во сообраќајната несреќа, се вели во соопштението на обвинителството.

Обвинителниот предлог се однесува на кривично дело извршено на 12.10.2018 година, околу 16 часот, кога обвинетиот управувал со патничко моторно возило „цитроен кросер“ по левата сообраќајна лента од улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во насока од запад кон исток.  Кога дошол на крстосницата со улица „Анкарска“, на која сообраќајот е регулиран со семафор, на вклучено зелено светло навлегол во лево за да се вклучи на коловозот на улица „Анкарска“, но тука постапил спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па не го испочитувал поставениот сообраќаен знак – забрането свртување кон лево, го променил правецот на движење и свртел кон лево. Притоа, со предниот лев дел од возилото удрил во левото тркало од моторциклот марка „дукати“, сопственост и управуван од оштетениот, а на кој како сопатник била неговата сопруга. При сударот, возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди и бил хоспитализиран, но од тежината на повредите починал истиот ден. Со тешки телесни повреди се здобила и неговата сопруга, појаснува обвинителството.

„Од анализа на сите обезбедени докази и утврдената состојба, од кривично-правен аспект неспорно произлегува дека обвинетиот кривичното дело го сторил од небрежност, а не од умисла, бидејќи не направил сообраќаен пропуст кој би укажал на тоа дека свесно и волево ја предизвикал штетната последица – на раскрсница навлегол на зелено светло и возилото не го управувал под дејство на алкохол. Сообраќајните пропусти надлежниот јавен обвинител ги исцрпи од извршеното сообраќајно-техничко вештачење“, истакнува Обвинителството.

Видот на повредите кои оштетениот ги здобил во сообраќајната несреќа и кои предизвикале смртен исход, надлежниот јавен обвинител ги исцрпи од обдукцискиот протокол изготвен од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, додека видот и карактерот на повредите на оштетената, јавниот обвинител ги исцрпи од медицинското вештачење врз основа на претходно обезбедената медицинска документација, се додава во соопштението.

Непосредно пред завршувањето на судската постапка, од страна на полномошникот на оштетените  на јавниот обвинител кој го застапуваше обвинението, се нагласува во соопштението, му беше предадена нова медицинска документација која се однесуваше на оштетената и нејзината бременост. Оваа медицинска документација, надлежниот јавен обвинител ја приложил во дополнение на доказната постапка пред судот. По признанието на вина од страна на обвинетиот јавниот обвинител, во завршен збор, детално направли анализа на сите околности во поглед на изборот на видот на кривична санкција и одмерување на истата, при што посебен акцент даде токму на состојбата во која била оштетената и штетните последици кои што настапиле од сообраќајната незгода, како во поглед на смртниот исход кај еден оштетен и предизвикувањето тешки телесни повреди кај оштетената, утврдени врз основа на обезбедените докази во претходната постапка и приложени со обвинението, така и во поглед на новоприложената медицинска документација“, се вели во соопштението од ОЈО.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе