Во Кривичниот суд

Обвинителството изведува материјални докази во предметот „Плацеви на Водно“

Со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството денеска продолжи судењето за случајот ,,Плацеви на Водно”, при што обвинителката Лиле Стефанова изведе разни докази од наредби за претрес одобрени од Кривичниот суд Скопје и записници од привремени одземени предмети.

Одбраната на обвинетиот Јордан Камчев, приговараше на изведувањето како доказ на договор за пренос на удел меѓу фирмите „Сиран“ и „Орка“.

„Доказите се прибавени на незаконит начин. Овој доказ не може да се третира од причина што недостасува потпис, печат и штембил на другата договорна страна“, истакна одбраната на Камчев.

По изведување на материјални докази судењето за овој предмет влегува во фаза на презентација на вербални докази, односно сослушување на сведоци. Според најавите на Обвинителството, против обвинетите ќе сведочат десетина сведоци.

Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, кој се товари за кривичните делата „перење пари“ и „за противправно стекнување и прикривање на имот“, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева, кои се товарат за „перење пари“, како и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе