Отворена предистрага за бегството

Обвинителството истражува дали специјалецот Спасов бил лажно болен за да не биде во затворот во Идризово

Обвинителството по допрен глас отвори предистражна постапка за случајот со бегството на осудениот специјалец, Игор Спасов. Од ОЈО за МКД.мк информираат дека се испитува дали постои кривична одговорност во врска со решението за прекин на издржување на затворската казна за бегалецот Спасов. 

Осудениот специјалец согласно Законот за извршување на санкции за периодот за кои го побарал и му бил одобрен прекинот на издржување на затворска казна е покриен со медицинска документација, но ќе треба да се утврди дали документите се веродостојни, како и дали се појавил на операција и дали навистина му бил извршена хируршка интервенција. 

„Основното јавно обвинителство Штип по допрен глас испитува постоење на евентуална кривична одговорност во врска со донесеното решение за прекин на издржување на затворската казна за осудениот Игор Спасов. Дадена е насока за проверка на лекарската документација и постапката во која е донесено решението", соопштуваат од обвинителството.

Специјалецот Игор Спасов на 18 минатиот месец кога му измина рокот за оправдан прекин на издржување на затворската казна, не се појави во затворот во Идризово, ниту пак е испратено писмено известување за нов прекин и негово оправдано отсуство. 

Тој датум беше последен до кога Спасов имаше оправдано отсуство од затворот во Идризово. По ова на барање на судот во Штип, МВР по него распиша централна, па меѓународна потерница. 

За неговото бегство изјава имаше и премиерот Зоран Заев, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

Премиерот Заев рече дека институциите постапиле законски во врска со прекининот на издржување на затворската казна за Спасов и дека истрагата ќе треба да покаже каде е тој. 

Министерот Спасовски побара одговорност од судот и од обвинителите.

 Клучното прашање во однос на бегството на Игор Спасов е одговорот од обвинителот и судијата врз основа на кои проценки е дозволено да му се направи прекин со судска одлука на издржувањето на казна затвор, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Поранешниот специјалец Спасов е осуден за убиството на Мартин Нешкоски.

Тој до 18 август годинава една година е на слобода, наместо во затворот во Идризово.

Со медицинската документација која ја поднесува до судот од август, 2018 година, а оттаму ја прифаќаат, веќе втора година со здравствените причини го оправдува своето отсуство и не се враќа во затворската ќелија во најголемиот затвор во државава.

Осудениот Спасов во затвор требаше да се врати откако ќе му заврши лекувањето, но тоа не се случи. 

Прекинот на издржувањето на затворската казна не му се засметува во отслужувањето на затворска казна.

Поранешен припадник на „Тигрите" беше осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Тој има досега отслужено шест години затвор.

Полицискиот специјалец Игор Спасов тврдеше дека не го убил Нешкоски и дека е подготвен тоа да го докаже со полиграфско тестираше.

Спасов тврдеше дека на плоштадот бил службено и дека последен пат кога го видел Нешкоски тој бил жив.

Пред судот раскажа дека не го познавал Нешкоски и дека немал никаков мотив за да го убие.

Тој не негираше дека го удрил Нешкоски, но не со тупаници и шлаканици, туку само со клоци по половината, бидејќи мислел дека момчето симулира дека е во бесознание.

Откако се обидел да го крене од земја, сфатил дека момчето ја загубило свеста, па зел вода, го испрскал и му удрил неколку шлаканици за да го освести. Во меѓувреме таму дошле двајца униформирани полицајци и обезбедувач од фестивалот Баскерфест".

Поранешниот припадник на полициските тигри Игор Спасовски, неколку пати беше на распит кај обвинителите на СЈО каде водат предистражна постапка за овој случај.

Овој предмет сега е предаден во Основното јавно обвинителство во Скопје.

К.Д.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе