По пријавата за ексвработениот во Централен регистар

Обвинителството бара притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Скопското јавно обвинителство повело постапка против заканувачот на новинарките и ексвработен во Централен регистар Емил Јакимовски. Од обвинителството соопштија дека е поведена постапка против едно лице за загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство.

„Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за сторени кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 (при вршење семејно насилство), Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 (по пат на информатички систем), како и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5“, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Поранешниот вработен во Централен реситар, Емил Јакимовски доби две кривични пријави од МВР.

„На ден 18.01.2020 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, по претходни извршени консултации со ОЈО Скопје, се поднесени две кривични пријави, во брза постапка, против лицето Е.Ј.

Едната кривична пријава е за сторени две кривични дела и тоа "Загрозување на сигурноста" по чл. 144 став 2 од КЗ и "Неизвршување на судска одлука" по чл. 377 став 5 од КЗ.

Втората кривична пријава е исто така за сторени две кривични дела "Загрозување на сигурноста" по чл. 144 став 4 од КЗ", соопштија денес од МВР.

Вчера МВР соопшти дека по претходна пријава за семејно насилство го привела Јакимовски. 

„Лицето Е.Ј. е приведено во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство и ќе биде задржан за натамошна постапка во координација со ОЈО Скопје", соопшти МВР.

За Јакимовски претходно имаше пријави до полицијата од новинарките Мери Јордановска од А1он и Искра Коровешовска од ТВ Алфа за навреди и закани преку социјалните мрежи.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе