Обвинителство: Вкупно 45 лица обвинети заради непочитување на самоизолација и полициски час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави 39 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 45 лица, обвинети за кривичното дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Еден од обвинетите не ја почитувал Наредбата за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, како мерка за спречување и ширење на заразната болест ковид-19.

Сите останати 44 лица не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење.

За сите обвинети лица, јавните обвинители му предложија на судот да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

 

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе