Обвинителство побара, Судот прифати: судењето за „Титаник“ одложено за 30 септември

Судењето за случајот „Титаник“ е одложено за 30 септември на барање на јавната обвинителка Лиле Стефанова којашто побара дополнително време за да ги разгледа разните поднесоци од одбраната.

Судењето за овој предмет е вратено од почеток поради тоа што еден член од поротата наполни 60 години. Првично, во оваа постапка, која трае од 2018 година беа сослушани над 200 сведоци.

Предмет на ова судење е незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, повреда на избирачкото право и други кривични дела поврзани со изборните процеси во 2011, 2012 и 2013 година.

Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

 

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе