Обвинителство: На местото на трагедијата беа претставници од Амбасадата на Германија, а не странските истражители

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија соопшти дека експертскиот тим од Федералната криминалистичка полиција на Германија, кој треба да помогне за утврдување на причините за пожарот во модуларниот ковид-центар во тетовската болница, треба да пристигне во земјава во следните неколку дена. Претходно МИА информираше дека експертите веќе пристигнале во замјава. 

„Во меѓувреме, тимот обвинители од тетовското и скопското обвинителство продолжува интензивно да презема дејствија за испитување на трагичниот настан. Се очекуваат резултатите од наредените вештачења и се врши распит на сите лица кои со своите сознанија би можеле да помогнат за откривање на причините за пожарот“, истакнаа од ОЈО.

Од Обвинителство за МИА потврдија дека денеска во посета на опожарената модуларна болница во Тетово заедно со обвинители од тетовското Јавно обвинителство не биле германски експери, туку дека станува збор за претставници од Амбасадата на Германија во земјава кои не се поврзани со истрагата.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе