За конкретни имиња на можни обвинети лица од тетовското Обвинителство нема никакви информации, бидејќи како што велат, најверојатно веќе од понеделник и официјално ќе се знае одлуката на обвинителите.
Вештачењето на МВР ОКТИВ утрди дека пожарот во тетовската модуларна болница настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат.
Откако беше добиено вештачењето од МВР, се чакаше и германското вештачење. Откако стигна, се чекаше да се преведе.
Поранешниот премиер Зоран Заев лани, на почетокот на октомври побара од МВР да го објави извештајот кој што го испратиле до oбвинителството, а кој се однесува и е дел од истрагата за пожарот во Тетово во кој загинаа 14 лица.
Заев рече дека јавноста очекува одговори, а порача дека МВР треба да го објави извештајот, а обвинителството да продолжи со истрагата.
Вештачењето тогаш утврди дека пожарот во тетовската модуларна болница настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби.
Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат, соопштија ден по барањето на Заев од Јавното обвинителство.
Пожарот во тетовската модуларна болница се случи лани, на 8 септември неколку минути после 21 часот.
Во трагедијата, животот го загубија 12 пациенти и две лица кои во моментот биле во објектот.
Се очекува да биде соопштена јавно-обвинителската одлука за оваа трагедија.
К.Д.