Во Обвинителството за организиран криминал

Обвинителот Рустеми ќе сведочи за „Рекет”, Катица Јанева уште не добила покана

Обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство е следниот кој е повикан да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“, потврдуваат од обвинителството. Специјалната обвинителка Катица Јанева, пак, како што потврдуваат од СЈО, досега не добила покана да се јави во Обвинителството за организиран криминал. 

Бурим Рустеми

Засега не е точно прецизирано кога ќе сведочи Рустеми, утре или задутре, бидејќи утре тој е на судење за случајот ТНТ. Пред него во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет” исказ дадоа обвинителките Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова. 

Обвинителството денеска, преку соопштение информираше дека истрагата за „Рекет“ тече по утврден план. Според Обвинителството, во тек е финансиска истрага и вештачење на одземените електронски уреди.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека согласно утврдениот план презема истражни дејствија во насока на обезбедување на доказите и целосно расветлување на случајот ‘Рекет’.

Во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање на доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба. Воедно, дел од одземените електронски уреди се вештачат, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во интерес на постапката нема однапред да споделува информации за дејствијата што ги презема во предметот, па така и за лицата што ги повикало или има во план да ги повика да дадат исказ. Со оглед на тоа дека се работи за предмет што предизвика голем интерес во јавноста, обвинителството во рамките на можностите ќе продолжи и понатаму да ги споделува сите информации што нема да наштетат на понатамошната постапка.

Во интерес на истражната постапка и спречување на шпекулациите во јавноста, обвинителството уште еднаш укажува дека само официјално добиените информации во врска со овој предмет се веродостоен извор”, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Осомничени во „Рекет“ се Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец. Тие од бизнисменот Орце Камчев изнудиле 1,5 милиони евра и му ветиле дека имаат влијание во СЈО да ја запрат истрагата за перење пари против него во случајот „Империја”. 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе