Обвинителката во случајот „Плацеви на Водно“ чека тест за ковид-19, судењето одложено

Поради тестирање за ковид-19 на обвинителката Лиле Стефанова, одложено е денешното рочиште за случајот „Плацеви на Водно“. Следното рочиште за предметот, според календарот за Судот, е закажано за 2 септември.

Стручен соработник во Судот, пред почетокот на рочиштето, ги инфомира присутните дека судењето ќе се одложи поради тоа што јавната обвинителка Лиле Стефанова, ќе се тестира за ковид-19.

Бранителот на Сашо Мијалков, адвокатот Звонко Давидовиќ, по одложувањето на денешното рочиште, во изјава за медиуми, рече дека биле известени дека обвинителката побарала одлагање, затоа што наводно била во контакт со суспектна особа на ковид-19.

„Ова е причина за одлагање, во оваа ситуација, каде што важат мерките за пандемија, но се прашувам што ќе беше ако се случеше со некој од бранителите, такво нешто. Најверојатно ќе беше повик, дека е притворски предмет и дека е итна постапката, па се одолговлекува, но никогаш тоа не се случило со обвинителството, што покажуав колку се рамноправни страните во постапката“, изјави Давидовиќ.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот", неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари", а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело".

Адвокатот Еленко Миланов, бранител на Јордан Камчев, обвинет во предметот „Плацеви на Водно", во петокот одржа прес-конференција во врска со околностите во предметот и процесни проблеми во постапката врз основа на кои, Миланов смета дека има пристрасност на застапникот на обвинението.

Адвокатот посочи дека Јордан Камчев е петтообвинет и единственото лице коешто во изминативе пет месеци, сега почнува шестиот, се наоѓа во притвор и покрај неговата нарушена здравствена состојба, за што постои обемна медицинска документација од повеќе стручни лица од Република Македонија и од еминентни стручњаци од Република Словенија и исто така од Република Австрија

„Во конкретниот случај, за неговата здравствена состојба постои и судско- медицинско вештачење од овластен вештак од областа на медицината, којшто исто така укажува на ризичноста на здравствената состојба на Јордан Камчев, што би укажувало на околноста дека од тие причини би требало да се интервенира и евентуално истиот во најмала рака да биде префрлен на издржување на мерка куќен притвор", појасни Миланов.

Одбраната поднесе и гаранција во недвижен имот, онака како што обвинителството бараше, да не биде ниту од лица коишто се во постапката, иако според мислењето на Миланов, не постојат законски пречки неговата мајка, којашто е во постапката, да заложи сопствен имот, но почитувајќи ги барањата на обвинителството поднесена е и гаранција којашто би значела укинување на мерката притвор на Орце Камчев и негова понатамошна одбрана од слобода. Понуден е недвижен имот од нешто над милион и седумстотини илјади евра и готовински парични средства од 200 илјади евра, но на оваа понудена гаранција до овој момент и до оваа прес-конференција немаме одлука од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд, до којшто истата е доставена.

„Фактот што ви го наведов е дека единствено обвинетиот Јордан Камчев како петтообвинет се наоѓа во притвор и околностите коишто произлегоа на последните рочишта во однос на тоа дали оваа постапка воопшто можела да биде покрената и овој обвинителен акт да биде поднесен поради процесни грешки околу отсуството и неможноста во кој било момент Никола Груевски да даде свој исказ. Морам да напоменам дека не е интенцијата да ги застапуваме, барем јас како бранител и колегата којшто ќе дојде во текот на оваа прес-конференција, интересите на Никола Груевски, но самата постапка и самото кривично дело е така поставено што без постоење на лице за коешто се тврди дека прибавило на некој инкриминиран начин парични средства и потоа тие парични средства се пуштени во одредени топови не може да продолжи ниту постапката во однос на кое било лице коешто се обвинува со правна квалификасија за перење пари од членот 273 од Кривичниот законик", објасни Миланов.

„Неспорен факт е дека оваа постапка што стои во документацијата во судот е започната со наредба за спроведување истрага донесена на 16 октомври 2020 година. Во моментот кога со оваа наредба како посебен предмет е отворена постапка  Груевски не се наоѓал во Република Македонија и не можел воопшто да биде сослушан во врска со овој предмет, а одредбите од членот 300 став 1 од Законот за Кривична постапка изрично содржат одредба согласно која јавниот обвинител со наредба ќе ја прекине истражната постапка ако осомничениот е во бегство или недостапен на државните органи. Со правилна примена на оваа одредба сите сте сведоци дека Груевски ниту беше обвинет во предметот „Организатори" за 27.04. ниту, пак, има поднесено каков било обвинителен акт од моментот кога тој се наоѓа во отсуство за некој предмет што не е поведен претходно и во кој истиот нема дадено своја изјава. Обврската на обвинителот да изврши распит на лице за коешто би поднело одбвинителен акт во постапка во која се води истрага или тоа е постапка каде што може да биде изречена казна над пет години со оглед дека сите други постапки во рамките на скратената поскапка ја немаат таквата обврска за обвинителството исто така не е испочитувана", додава тој.

Во пописот на списи доставен со поднесениот обвинителен акт обвинителката којашто го застапува предметот има доставено изјава земена од Никола Груевски во 2015 година пред Основното јавно обвинителство – Скопје. Ваквата изјава прво носи ознака РО, број што значи дека станува збор за предистражна постапка. Земена е во Основното јавно обвинителство, коешто согласно Законот за Јавно обвинителство што важеше во тоа време, а ниту, пак, согласно одредбите на сегашниот закон за Јавно обвинителство, не спаѓа во надлежност на Основното јавно обвинителство за тоа да може да води постапка или да врши распит во однос на правната квалификација перење пари. Оваа правна квалификација е во исклучива надлежност на Основото јавно обвинителство за гонење органииран криминал и корупција. Во пописот оваа изјава од Основото јавно обвинителство стои со друга назнака – КО, број што значи дека е водена истражна постапка. Оние коишто од вас беа присутни на последното рочиште можеа да посведочат дека обвинителот сакаше тоа да го оправда како техничка грешка.

„Сметаме дека станува збор за искусен и доволно стручен јавен обвинител за ваква техничка грешка да не може да му помине низ рацете. Дури и да е тоа техничка грешка, таквата техничка грешка мораше да биде отклонета во моментот кога предметот сè уште се наоѓа во фаза на испитување на обвинителниот акт. Тоа не е сторено, дури откако во таа насока бранителот на Никола Груевски по службена должност го увиди тоа и потенцираше преку негов писмен поднесок, доаѓа ваквото образложение на јавниот обвинител кој го застапува овој предмет, а првостепениот суд во конкретниот случај, иако нема дури ни услови да може во однос на тоа лице да биде поднесен ваков обвинителен акт, за ваква правна квалификација донесе решение за судење во отсуство, со што исто така сметаме дека направи една голема суштествена повреда на оваа постапка. Навистина, основниот проблем и основниот пех во овој предмет и постапувањето би се свел на застапникот на обвинението и на Советот за оценка на обвинителниот акт, но сметаме дека и овој совет не може дозволи да се води постапка на чиј крај ќе треба да констатира дека се води постапка во однос на првообвинетиот (се тврди дека недозволено пуштил средства во некаков оптег, односно средства прибавени со казниво дело), која на крајот треба да заврши со тоа дека не можело ниту да почне да се води поради процесни пречки. Тоа го бара и економичноста на постапката и едноставно процедурата на постапување пред судовите", појаснува адвокатот.
Тој повторно нагласи дека само г. Јордан Камчев се наоѓа во притвор, фактот дека оваа постапка се поведува од застапникот на обвинението со ваква изјава којашто потекнува од 2015 год.

„И тука би сакал посебно да потенцирам еден момент што се однесува конкретно и директно на Камчев и неговата мајка Ратка Камчева, а тоа е дека распитот на Никола Груевски пред Основното јавно обвинителство е направен на 31.8.2015. Дествијата што се ставаат на товар како евентуално учество во прикривање, на кој било начин располагање со средства на некое казниво дело за г. Јордан Камчев и Ратка Камчева се однесуваат за период од 20.07.2015 заклучно со 21.10.2015. Апсурдно е да се смета дека на 31.8. 2015 можело да биде земена изјава од г. Никола Груевски за нешто што би се случувало во наредните два и пол месеци. Тоа е она за кое сакавме да ве запознаеме како медиуми во однос на процесите и правните проблеми во одбраната на Јордан Камчев. Ги увидовме во списите на овој предмет и во конкретната постапка водена пред Обвинителството и којашто почнува пред Основен кривичен суд", дообјасни Миланов

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе