По одлуката на Судот за куќен притвор

Обвинителката Трајчева: Поднесовме доволно докази за ефективен притвор за Рашковски, ќе се жалиме на одлуката

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе жалба на одлуката на Кривичниот суд да му биде одреден куќен притвор, а не ефективен притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Обвинителството бараше притвор поради опасност од бегство и моженост за влијание врз сведоци, но од Кривичниот суд велат дека не биле понудени докази дека Рашковски бил имотен и можел да бега. Обвинителката Ивана Трајчева во изјава за медиумите рече дека ќе се жали на ваквата одлука и тврди дека доставени се доволен број на докази за таквиот предлог. 

„Можам веднаш да ви кажам дека ќе следи жалба на одлуката за куќен притвор од причина што ценам дека обвинителството даде доволно докази да ги докаже околностите поради кои бараше да биде определена мерка притвор, а не куќен притвор. Со мерката куќен притвор сметаме дека и понатаму ќе постои опасност од влијание врз сведоците и останатите материјални докази кои допрва ќе треба да бидат прибавувани и сослушани во текот на постапката. Од тие причини во текот на утрешниот ден ќе поднесеме жалба", изјави Трајчева.

Таа додаде дека не може да ја коментира одлуката на Судот, но смета дека постојат доволно околности со кои може да се потврди имотната состојба на Рашковски. 

„Не можам да ги коментирам причините зошто судот одлучил така. Тоа што можам да го кажам е дека од она што досега го имаме прибавено и она што беше кажано од самиот осомничен сметам дека постојат доволно околности да се потврди имотната состојба на осомничениот, но тоа сепак е одлука на судот, јас немам да ја коментирам, но имам право на жалба", рече Трајчева.

Кривичниот суд Скопје му одреди мерка куќен притвор Драги Рашковски. Обвинителството бараше притвор за Рашковски за набавката на софтверот, но од Основниот кривичен суд соопштија дека одредиле куќен притвор зашто обвинителот не приложил докази дека ексгенералниот секретар на Владата е имотен и може да избега, како и дека ќе влијае на истрагата.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе