Поради случувањата за „Рекет“

Стефанова да биде изземена од „Траекторија“, бара одбраната

Одбраната бара прекин на главната расправа на судењето за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид „Траекторија" додека Советот на јавни обвинители и Собранието не се произнесат за разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Судот даде пауза додека да одлучи по барањето на одбраната за прекин на рочиштето додека Советот на јавни обвинители и Собранието не се произнесат за разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Барањето го поткрепија со фактот дека токму за Јанева се води постапка за евентуално нејзино разрешување пред Советот на јавни обвинители.

„Самата постапка на Советот за нас е доволна да се посомневаме во легитимноста на ова обвинение во овој или друг предмет“, изјави адвокатката Тања Поповски.

Во „Траекторија" обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски на кого му се суди во отсуство, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс директорот на ЈП Државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе