Судско-обвинитлска пресметка

Обвинителката Русковска и апелациските судии меѓу себе се закануваат со финансиски истраги и пријави до полиција

Одлуката на Апелацискиот суд Скопје Катица Јанева да оди во куќен притвор очигледно е дека ги помати сметките на многумина. Вчера откако Јанева отиде во куќен притвор во станот на нејзиниот син Лазар Јанев, најпрво обвинителката Вилма Русковска најави финансиска истрага за судиите кои ја донеле ваквата одлука, а потоа од Апелацискиот суд веднаш дојдоа информациите дека и тие ќе поднесат пријава до полицијата за заканувачка СМС порака од Русковка.

Најавата на шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал Вилма Русковска за финансиска истрага против тројцата судии кои решиле да ја пуштат Јанева во куќен притвор, всушност значи дека таа се сомнева во поткуп на судиите.

Според информациите на порталот СДК.мк, Русковска тоа го најавила и преку СМС порака до еден од судиите од Апелацискиот суд во која имало и закана.

Се очекува дека претпладнево Апелацискиот суд и официјално да одговори на најавата на Русковска за финансиска истрага за тројца апелациски судии.

„Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но ќе покренам финансиска истрага”, изјави синоќа Русковска.

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева вчера попладнето го напушти затворот „Шутка” и беше префрлена во куќен притвор во станот на нејзиниот син.

Вчера се огласи и поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, кој реагираше на одредениот домашен притвор за Катица Јанева.

„ЕКСКЛУЗИВНО: Катица Јанева во истиот куќен притвор со Лазар Јанев, потенцијален обвинет и потписник на сомнителните договори во 1ТВ??! ДРЖАВА ЛИ Е ОВА, ИНСТИТУЦИИ ЛИ СЕ???“, напиша Панчевски на Твитер.

„Катица ќе издржува притвор со директно вмешаниот син Лазар Јанев кој е на слобода! Лудило или Вирус???“, вели тој во друг твит.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе