По изречените казни

Обвинителката незадоволна од пресудата за „27 април“, вели да се праша судијата зошто ја спомнал амнестијата

Изречените казни за обвинетите во случајот „Организатори на 27 април" според обвинителката Гордана Смаќоска, се многу ниски. Во изјава за медиуми таа посочи дека е изненадена од ниските казни бидејќи во претходната пресуда за самите извршители на насилствата во Собранието беа изречени многу високи казни. Но, судијата Илија Трпков пред да ја изрече пресудата рече дека како олеснителна околност го зел предвид Законот за амнестија со кој 15 обвинети во првата постапка за „27 април“ беа пуштени на слобода. 

Мислам дека пресудата е таква каква што е. Судијата ќе образложи зошто ја донел и зошто олеснителните околности преовладувале во овој конкретен случај кај едно вакво тешко кривично дело, а не отежителните кои и самите имавте можност да ги чуете колку судот ги нагласува. Со самото нагласување на сите тие отежителни околности за судот по мое мислење не смееше судот да си дозволи да има пониска казна од 10 години, барем по мое јавнообвинителско видување на самиот настан, бидејќи доколку не постоеја овие обвинети како организатори немаше да се случи и самиот настан, изјави јавната обвинителка Смаќоска.

Кривичното дело „тероризам" според Кривичниот законик се казнува со минимална казна од 10 години затвор.

„Жалба секако ќе има на ваквата пресуда бидејќи казните се многу ниски. Земете ги во предвид, само една мала компарација ќе направам, Катица Јанева е казнета за полесно кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување" каде што максималната казна е 10 година а доби седум години, па сега јавноста нека направи споредба со висината на казната, а кога ќе ја добиеме писмената пресуда секако ќе вложиме жалба за сите обвинети“, рече Смаќоска.

Обвинителката Смаќоска воедно говореше и за амнестијата дадена за настаните во Собранието.

„Таа беше дадена општо без конкретно дело, без конкретни обвинети и без кривични дела и правна квалификација. Таква амнестија никогаш не е дадена за никого во текот на целото правосудство по осамостојувањето на државата, бидејќи ние ги презедовме сите тие закони од бивша Југославија. Никогаш не е дадена општа амнестија како што е во овој случај. По мое мислење таа е незаконита, не произведува правни дејствија и сето тоа. Зошто судијата ја спомна амнестијата ќе се обратите до него да ви објасни и во која насока амнестијата влијаела за ваква ниска казна“, рече Смаќоска.

За организирање на настаните во Собранието од 27 април, Основниот кривичен суд Скопје обвинетиот Трајко Вељаноски го осудува на казна затвор во траење од 6 и пол години, Јанакиески и Ристовски 6 години и 3 месеци и за Атанасовски казна затвор од траење 6 години.

Тие се неправосилно осудени за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста".

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе