Основен кривичен суд Скопје

Обвинителката Фетаи треба да сведочи на судењето за „Рекет“

Со сведоци на одбраната денес во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“. Откако вчера сведок во судница беше обвинителот Гаврил Бубевски кој беше дел од тимот на поранешната шефица на СЈО, а сега обвинета, Катица Јанева, за денес е предвидено да сведочи обвинителката Фатиме Фетаи. 

Освен Бубевски и Фетаи, Јанева за сведоци ги предложи и обвинителите Трајче Пеливанов, Ленче Ристоска и Артан Ајро.

Во случајот „Рекет", освен Јанева, која е во домашен притвор, обвинет е и Бојан Јовановски, кој се наоѓа во притвор во истражниот затвор во Шутка. 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе