Обвинетите за 27 април бараат да им се суди во Хаг, а не во Скопје

Пратеникот Трајко Вељаноски и поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски не сакаат за „27 април” да им суди скопскиот Кривичен суд туку Меѓународниот суд во Хаг.

Пред денешната седница за оценка на обвинението за организаторите на 27 април ова го побарала нивната одбрана. Претседателот на Кривичен им одговорил дека барањето го доставиле на погрешна адреса и дека треба да се обратат до Министерството за правда.

Инаку, денешната седница на која не беше дозволено присуство на медиумите се одлагаше неколку пати во текот на целиот ден и на крај не ни почна. 

Одбраната од предметот за настаните од 27 април наместо да ги образложи приговорите на седницата за оцена на обвинителниот акт, побара изземање на еден судија-член на Советот за оцена, соопшти денеска Основниот кривичнен суд Скопје.

„По разгледување и ценење на барањето, претседателот на Судот го одби барањето како неосновано. Согласно член 36 ст. 7 од ЗКП: „Решението со кое се одбива барањето за изземање може да се побива со посебна жалба во рок од три дена на донесување на решението, а ако таквото решение е донесено по потврдено обвинение, тогаш само со жалба на пресудата“, се наведува во соопштението.

Советот за оцена го одложи дненешното рочиште за 23 декември со цел да се испочитува законски утврдениот рок за жалба на одбраната до повисокиот суд.

 

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе