Воведен говор на Русковска за 27 април

Обвинетите организатори и Груевски дале наредба да се отворат вратите на Собранието

Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска која го застапува обвинението за организаторите на „27 април“ денес на почеток на судскиот процес даде воведен говор. Дејствијата на обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски обвинителката пред судот ги нарече мозаик, а секој од обвинетите го посочи дека е коцка без која тој мозаик немало да биде комплетен.

Русковска не изостави, а да не го спомене и поранешниот премиер, бегалецот Никола Груевски за кој рече дека учествувал во наредбите да се отворат вратите на Собранието и дека многу сакал да се соочува со народот на избори, но најкукавички побегнал кога требало да се соочи на суд со правдата.

„Обвинителството ќе докаже дека обвинетите изготвиле план да го загрозат уставниот поредок. За да добиете целосна слика замислете си мозаик и дека секој е коцка од него. Ако нема една коцка, тоа значи мозаикот не е комплетен. Ова се нивни усогласени дејствија. Сите знаеме кој ги отвори вратите на собранието, но тоа го сториле бидејќи така им било кажано од обвинетите, но и од Никола Груевски, кој толку многу сакаше да се соочува со народот на избори, но кукавички побегна кога требаше да се соочи со правдата. Со него не заборави да се допишува за време и пред настаните од таканаречениот крвав четврток ниту Вељаноски, кој пак, не се обиде да го спречи лудилото кое владееше во Собранието“, рече во воведен говор обвинителката Русковска.

Таа пред судот посочи и можни сценарија со кои обвинетите би се бранеле пред судот, местата кои би ги споменувале каде можеби се наоѓале за време на настаните со цел да си обезбедат алиби, но како, што кажа, Обвинителството има поинакви докази и сведоци.

„Можеби пред судот ќе чуете дека Ристовски и Јанакиески се наоѓале во штабот на ВМРО и извршувале партиски функции, дека Вељаноски бил во Собранието, но не преземал никакви незаконски дејствија, дека Атанасовски тргнал на ракометен натпревар и таму од медиумите дознал за настаните, ама тоа не е така. Ќе видите пораки кои тој ден се испраќале, ќе видите повици дека Ристовски и Јанакиески се јавувале по штабови, докази дека Трајко постапил спротивно на Деловникот на Собранието и дека не спречи да се пее албанската химна во законодавниот дом што беше иницијална каписла за почеток на настаните. Грижата на Вељаноски беше само неговата лична сигурност и тоа никој неповикан да не може да влезе во неговиот кабинет. Ете таков човек имавме за втор човек во државата“, рече Русковска пред судот.

Обвинителката посочи дека со Нинџа и Кољо кои се осудени во друга постапка за 27 април комуницирале со Атанасовски, а се среќавале во „Аристократ“ кој бил сопственост на Нинџа. Атанасовски, според воведниот говор на Русковска, ги координирал и „Тврдокорните“ и го договарал деталите.

Русковска воведниот говор го заврши со мисла од Гоце Делчев: „Историјата не памети друг таков пример, кога еден ист народ се разделува на две различни страни, една од друга потуѓа“.

На следното рочиште воведни говори ќе дадат адвокатите на четворицата обвинети.

К.Д. 

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе