Полицаецот од затворот во Штип негира

Обвинет во „Монструм“ му се пожали на судијата дека добил смртни закани од затворски чувар

Фејзи Азири, еден од обвинетите во случајот „Монструм" на денешното рочиште се пожали дека за време на спроводот од затворот во Штип каде отслужува затворска казна за друго кривично дело, добил закани по живот од затворски чувар. Обвинетиот Азири наводните смртни закани му ги пренесе и на судијата Огнен Ставрев кој ја води постапката за случајот „Монструм" во Основниот кривичен суд Скопје 1. 

Азири му посочи на судијата Ставрев дека од еден од затворските полицајци добил закани по животот, а не му биле овозможени ниту основните права.

„Имам смртни закани од полицаец, кој ме носи на суд од затворот. Тој ми рече дека сите ќе добиеме куршум во главата и ќе заврши со сите нас. Лисиците исто така ми ги ставија на грб, а јас сум болен ", рече обвинетиот Азири.

Посочениот полицаец кој беше присутен во судницата ги негираше овие обвинувања. 

Директорот на затворот во Штип за МКД.мк вели дека информациите за наводни смртни закани ги прочитал од медиумите и дека ги чека чуварите и Азири да се вратат од судењето во Скопје. 

„Информациите ги прочитав од медиумите и не можам да ви кажам ништо повеќе додека не се вратат чуварите и осуденото лице. До сега никогаш сме немале проблем со Фејзи Азири. Она што ми е познато е дека тој до сега неколку пати поднесуваше барање до Управата за извршување на санкции за да биде преместен во затвор во Скопје, но барањето му беше одбиено. Кога ќе се вратат од Скопје поднесуваат белешки за тоа како поминал спроводот, и зависно од тоа ќе одлучиме што понатаму“, вели директорот Мики Тодоров. 

Судијата Ставрев истакна дека ќе го побара директорот на затворот во Штип, но како што ни кажа првиот човек на затворската установа, до моментот кога го побаравме, никој од судот не му се јавил за консултација. 

Случајот за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, го води СЈО.

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм" го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

 

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе