Обвиненија за штипјанец и жител на Кочани за прекршување на самоизолацијата

Еден штипјанец и еден жител на Кочани се обвинети за непостапување по здравствените прописи за самоизолација и за двајцата се предложени парични казни, информира јавното обвинителство.  

Обвинетиот штипјанец на 17 март влегол преку Меѓународниот аеродром Скопје во земјава од Кралството Шпанија при што со писмена наредба бил упатен на препораките за заштита од заразна болест COVID 19 и потпишал Изјава за самоизолација. Но истиот ден го напуштил својот дом каде требало да ја изврши должноста за самоизолација и отишол во Општина Штип. Со тоа сторил кривично дело за кое јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип до Основниот суд во Штип поднел Предлог за издавање казнен налог против обвинетото лице со предлог судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што секоја глоба да е во висина од 30 евра во денарска противвредност.

Претходно Основното јавно обвинителство Кочани поднесе Предлог за издавање казнен налог за лице кое го сторило кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Обвинетиот на 16 март се вратил од земја со висок ризик од зараза, при што на граничниот премин кон Македонија бил запознаен со обврската за самоизолација за која потпишал и изјава. Но, на 18 март го напуштил домот и отишол во ОВР Кочани.

Поради стореното кривично дело, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани на судот му предложи на обвинетиот да му изрече парична казна во висина на 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе