Обвинение за жител на Грчец, недозволено држел оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинение против едно лице на возраст од 40 години од Грчец за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„Обвинетиот, кој неколку месеци беше недостапен на органите на прогонот, на 07.12.2019 година, на земјениот пат за селото Крушопек, над селото Грчец, заедно со уште едно обвинето лице, во патничко возило без регистарски ознаки, неовластено држеле огнено оружје и муниција – едно полуавтоматско кусо огнено оружје “Застава М57” со калибар 7,62Х25мм од југословенско производство со осум куршуми во шаржерот. Освен ова, сега обвинетиот кај себе држел и едно полуавтоматско кусо огнено оружје “Застава М88”со калибар 9мм од југословенско производство со четири куршуми во шаржерот.

Полициските службеници најпрвин извршиле претрес во домовите на обвинетите, па утврдиле дека тие се движат со возилото и тргнале по нив. По извесно време двајцата обвинети го запреле возилото, излегле од него и побегнале, а оружјето и муницијата ги оставиле во автомобилот. По настанот, едниот обвинет беше лишен од слобода и против него беше поднесено обвинение на 9 март. Постапувајќи по поднесениот Обвинителен акт, Основниот кривичен суд Скопје за него веќе донесе Пресуда врз основа на признание на вина со која го огласи за виновен и му изрече казна затвор во траење од две години.

За вториот обвинет постапката беше запрена до неговото пронаоѓање и лишување од слобода на 17 април“, соопшти Обвинителството.

Заедно со Обвинителниот акт поднесен против него денеска, надлежниот јавен обинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе