Обвинение за скопјанецот кој војуваше за ИСИС во Сирија

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе обвинение против И.Т. (24) од Скопје, за сторено кривично дело – Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации.

Обвинетиот, како што соопштија од Обвинителството, е дел од групата опфатена во акцијата „Ќелија 2“ којашто на 9 јули 2016 година беше спроведена на седум локации во Скопје и Тетово, и притоа беа уапсени четири лица – поранешни припадници на ИСИС, а подоцна беше лишено од слобода уште едно лице. За останатите три лица меѓу кои и обвинетиот И.Т. беа распишани национални и меѓународни потерници.

„По претходна радикализација во нашата земја, И.Т. како македонски државјанин спротивно на законот заминал во Сирија, каде бил обучуван и учествувал во воените акции на  правоената формација – муџахединска единица наречена ‘Тахрир Хајат Ал-Шали‘ (Tahrir Hayat Al-Shali), која од страна ООН е прогласена за терористичка организација. По завршената обука која траела околу 6 месеци бил распореден во единица задолжена за обезбедување на терен во близина на градот Ибдил и извршувал одредени стражарски активности. По постигнатото примирје во 2017 година, обвинетиот во јули 2019 година од Сирија илегално влегол во Турција и одреден временски период престојувал во Анкара и во Истанбул. Со оглед дека со него имал патна исправа со истечен рок на важење не можел легално да се врати дома, па стапил во контакт со неговите родители. Согласно договорот, тој илегално ја преминал турско – грчката граница и во Р. Грција се сретнал со неговите родители, кои му ја донеле патната исправа на неговиот брат со која ја поминал границата и истиот ден преку ГП Долно Блаце ја напуштил државата и заминал на Косово. Кога се вратил во РС Македонија врз основа на претходно издадена Наредба за издавање на национална и меѓународна потерница од 2017 година, обвинетиот И.Т. на 06.10.2020 година беше спроведен во КПУ Затвор Скопје – Скопје“, соопштија од Обвинителството.

Поради специфичноста, видот, тежината и начинот на извршување на кривичното дело, како и меѓународниот карактер на истото, а воедно и фактот дека обвинетиот долго време бил недостапен на органите на прогонот, обвинителството со Обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор определена од судија на претходна постапка.

 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе