петок, 29 март 2024

На крајот на 2023 надворешниот долг се зголемил за 305 милиони евра

Нето надворешниот долг на крајот на минатата година изнесувал 4.4 милиони евра или 32,6 проценти од проценетиот бруто домашен производ (БДП), објави денеска Народната банка. Во четвртиот квартал од годината, нето надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра или за 7,3 проценти.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„На крајот на четвртиот квартал од 2023 година, бруто надворешниот долг изнесува 11.4 милиони евра и забележа квартално зголемување од 386 милиони евра. Бруто надворешните побарувања се зголемија за 81 милион евра и изнесуваат 7 милиони евра. Поголемото квартално зголемување на обврските во однос на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 305 милиони евра, така што на крајот на декември 2023 година тој изнесува 4.4 милиони евра“, информираа од Народната банка.

Во текот на четвртиот квартал од минатата година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 160 милиони евра и изнесува 8.5 милиони евра, односно 62,2 проценти од проценетиот БДП за 2023 година.

Во однос на крајот на 2022 година, нето надворешниот долг е зголемен за 147 милиони евра (или 3,4 проценти), во услови на зголемување на нето приватниот долг (за 269 милиони евра), а намалување на нето јавниот долг (за 122 милиона евра).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ