„За предметните две катастарски парцели, обвинетиот во 2016 година добил одобрение за градење, кое се однесува на доградба и надградба на тогаш постоечкиот објект стоковна куќа „Беко“ Скопје со ширина од 28,5 метри и должина од 42,5 метри. Со стручно мислење за неисполнување на карактеристиките за носивост на доградбата и надградбата, во 2018 година тој обезбедил одобрение од Општина Центар за отстранување на постоечкиот деловен објект. Откако го урнал објектот, без да добие ново одобрение за градење, на лице место почнал да гради нов објект со димензии од 61 метар на 34,5 метри“, информираат од ОЈО.
Од ОЈО информираат дека без дозбола за градба биле изградени две подземни нивоа од градбата, која била проектирана како деловен објект со намена Б-5, односно хотелски комплекси од втора категорија на градба.
Општина Центар уште во 2020 година апелираше дека таму се гради беа дозвола, ама на локацијата инвеститорот Борис Стојменов продолжи да гради до денес.