Министерство за економија

Објавени огласи за субвенции за занаетчиство и туризам, а утре и за печки на пелети

Министерството за економија ги објави јавните повици за поддршка за занаетчиството и туризмот, а утре ќе биде објавен јавниот повик за субвенции за печки на пелети,  информираше на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

„Во делот на занаетчиството, вчера беа објавени јавни повици за три мерки,  субвенционирање на занаетчии, субвенции за трошоци за ангажирање на чираци (нова мерка) и кофинансирање на проекти за занаетчиски комори за развој и промоција на занаетчиството. За субвенционирањето на занаетчии предвидено е кофинансирање до 50% од докажаните трошоци, но не повеќе од 180.000 денари за набавка на опрема и алати, уредување/подобрување на деловниот простор. За оваа мерка предвидени се средства во вкупен износ од 4, 5 милиони денари. За мерката субвенционирање на трошоци за ангажирање на чираци исплатени како надоместок за ангажирање на чирак, но не повеќе од 30.000 денари по апликант. За оваа мерка предвидени се средства во вкупен износ од 300.000 денари. Додека за мерката кофинансирање на проекти на занаетчиските комори за развој и промоција на занаетчиството предвидено е кофинансирање на 75% од трошоците за реализација на проекти на занаетчиските комори кои се однесуваат на развој и промоција на занаетчиството во Северна Македонија. Максималниот износ за кофинансирање на трошоците по проект изнесува 250.000 денари, а за оваа мерка буџетот изнесува 1, 7 милиони денари“, информираше Бектеши.

Во однос на туризмот, тој рече дека денеска се објавени јавни повици за три мерки и тоа за субвенции за селски домаќинства, за поддршка на манифестации, проекти и бизнис форуми од интерес на развојот на туризмот и за пријавување на интерес од страна на угостителските објекти за сместување за прием на гости за мерката „Одмор за работници со ниски примања“.

„За првата мерка се кофинансираат до 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари кои ќе се направат за уредување и опремување на објектот согласно традицијата на крајот во кој се наоѓа. За поддршка на манифестации, проекти и бизнис форуми од интерес на развојот на туризмот се кофинансираат дел од трошоците за организација на манифестации, проекти и бизнис форуми кои имаат туристички карактер а се во интерес на развој на туризмот. Последниот јавен повик, пак, се однесува за пријавување на угостителските објекти за сместување за прием на гости за мерката-Одмор за работници со ниски приходи“, информираше министерот.

Последната мерка за која што јавниот повик ќе биде објавен утре се однесува за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети, со кои домаќинствата ќе ги заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут.

„Согласно овој јавен повик е предвидено на граѓаните кои ќе купат печки на пелети да им се овозможи надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2020 година. Вкуп ниот износ на средства кој се предвидено во овој јавен оглас е 11 милкиони денари.Како и на претходниот оглас, со овој јавен повик се дава можност за надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за категоријата на лица со ниски примања. За овој вид на апликанти предвидено се 3 милиони денари. Право на учество ќе имаат лицата кои ќе купат печка на пелети во своето домаќинство во периодот од 1 јануари 2020 година заклучно со 06.03.2020 година и ќе ја достават потребната документација наведена во Јавниот оглас“,  објасни Бектеши.

Сите субвенции ќе се доделуваат по принципот „прв дојден прв услужен“.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе