Kривичен суд

Нови сведоци за денешното рочиште за случајот „Рекет“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска е закажано ново рочиште за предметот „Рекет" во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште треба да бидат сослушани четворица сведоци. Случајот го води судијката Васка Николовска Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.

На минатото рочиште сведочеше вработена во компанијата „Орка холдинг”, која рече дека во декември 2018 година и во февруари годинава има вадено неколку пати поголеми суми од приватни сметки на семејството Камчеви.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе