Кривичен суд

Ново рочиште за „Рекет“, денеска ќе сведочи обвинителот на СЈО Бурим Рустеми

Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Рекет" на кое треба да сведочи обвинителот Бурим Рустеми. Рустеми е трет обвинител од поранешното Специјално јавно обвинителство што се соочува со обвинетата Катица Јанева.

Досега како сведоци исказ дадоа заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова, бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.

Судењето за „Рекет” пред Кривичниот суд го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Рускоска.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе