Кривичен суд

Ново рочиште за „Меѓународен сојуз”

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, за што заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

На денешното рочиште предвидено е да сведочат двајца претставници на „Дрим билдинг”, а нa некои од следните проодлженија и битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски.

Судењето за овој предмет е во фаза на изведување вербални докази.

Покрај Бојан Јовановски, обвинети се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“, Ременски за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“. 

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе